Close Menu
Press24
    Најново

    Детали: Приведениот обвинител од Прилеп ургирал во 4 предмети и барал пониски казни – колегите го снимале цело време

    07.10.2026 во 10:52

    ВИДЕО+ФОТО: Нови мотоцикли за полицијата од РСБСП – Вложувања до побезбедни патишта и спасени човечки животи

    08.10.2026 во 11:31

    Измени во „Сејф Сити“ – камерите ќе гледаат нов прекршок

    07.10.2026 во 10:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Шасивари се сретна со сирискиот министер за правда во Истанбул
    • Трагедија во рингот: Борач го фрли судијата по што починал на лице место
    • Меџити: Три медали од Балканското првенство во Хрватска, борачите на ШКУПИ гордост на Чаир
    • Утре неколку скопски населби ќе останат без струја – проверете дали сте на списокот
    • Шасивари – Ѓурлек: Зајакнување на соработката меѓу Македонија и Турција во областа на правдата
    • Литванија распоредува војници на границата со Русија
    • Муцунски на средба со бугарската министерка за надворешни работи: Позициите остануваат оддалечени, прашањата за идентитетот не смеат да бидат пречка
    • Николоски: Македонските аеродроми годинава ќе достигнат рекордни 4 милиони патници
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ја мрази Македонија

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ја мрази Македонија

    11.09.2026 во 09:422 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Очигледно дека Венко Филипче ја мрази Македонија. Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата. Сите факти се на маса и сите конструкции паднаа. По обелоденувањето на информациите поврзани со проектот за одбележување на 35 години независност, јасно е дека нема ништо спорно и ништо незаконски, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    „Венко Филипче и СДС со денови ја лажеа јавноста, создаваа афери таму каде што ги нема и преку своите контролирани пера организираа хајка против луѓе и уметници. Сега, кога фактите ја разобличија нивната приказна, најмалку што можат да направат е јавно да се извинат.

    Но оваа измислена афера откри нешто многу поголемо – на Филипче и СДС им пречи сè што создава чувство на гордост и припадност кон Македонија. Им пречи одбележувањето на независноста, им пречи кога народот е горд, им пречи кога Македонија слави сопствени успеси и сопствена историја.

    Затоа нивната политика сè повеќе се претвора во антимакедонска матрица во која секој национален успех треба да биде омаловажен, секоја прослава да биде претворена во скандал, а секој човек кој не се вклопува во нивниот наратив да биде изложен на организирана хајка.

    Особено лицемерно е однесувањето на Филипче. Во едната половина од денот измислува борба против некаква негова измислена „српска свест“, а во другата половина застанува во одбрана на турбо-фолкот и неговото присуство. Денес едно, утре друго – единствениот принцип е политичката корист.

    Тоа не е политика на принципи, туку политика на конфузија, двојни стандарди и немоќ. И токму затоа Филипче толку лесно самиот се препознава кога ќе се спомене талогот. Не затоа што некој го посочил, туку затоа што политиката на лаги, конструкции, хајки и омаловажување на сопствената држава сама го пронаоѓа своето место.

    Фактите победија, лагите паднаа.
    А талогот, колку и да е гласен, на крајот секогаш останува на дното“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    Шасивари се сретна со сирискиот министер за правда во Истанбул

    08.10.2026 во 18:52

    Меџити: Три медали од Балканското првенство во Хрватска, борачите на ШКУПИ гордост на Чаир

    08.10.2026 во 18:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.