ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ и СДС не го даваат Мерко, јавноста бара оставка за неговите криминални активности

 

„Поминаа пет дена откако градоначалниот на Струга, Мерко, беше ставен на црната листа на САД, поради корупција и мешање во судски процеси, но оставка од негова страна, нема ни на повидок.“-стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

-Нема барање за оставка ни од неговата матична партија ДУИ, ни од помалиот коалиционен партнер во владата СДС.

Јавноста бара оставка од Мерко веднаш, но очигледно мислењето на народот, како и за многу други случаи, не и е важно на власта. Важно е само тендерите да врват и да се купи уште некој месец на власт.

Сите институции, кои имале врска со овој случај потфриле, едни ги чувале случаите по фиоки, други најверојатно се офајдиле, трети се правеле наудрени.-додаваат од партијата.

„Случајот Мерко е пример за тоа како владеат ДУИ и СДС. ВМРО-ДПМНЕ по превземањето на власта, како главен приоритет ќе го постави, справувањето и сузбивањето на корупцијата во сите институции и одговорност ќе има за сите.“-стои во соопштението.

 

24.06.2023 - 10:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега