ВМРО-ДПМНЕ: Долгот достигна 7,4 милијарди евра, само во последните три месеци е зголемен за нови 213 милиони евра

Јавниот долг за три месеци порасна за 213 милиони евра, или достигна 64,4% од БДП, објави министерството за финансии скриено низ табовите на веб страницата, за никој да не го најде. Овој податок е шверцерски објавен, без никакво јавно известување, на сред продолжен викенд, од страна на институцијата која се промовира дека била најтранспарентна, обвини денеска опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, со ова јавниот долг достигна 7,4 милијарди евра, или за 2,7 милијарди евра повисоко во однос на 2016 година.

-Оваа влада планира да продолжи уште да го задолжува овој народ. Следната година, планираат јавниот долг да достигне 8,5 милијарди евра или скоро 66% од БДП, согласно Стратегијата за управување со јавен долг 2022-2026. Тоа значи дека секое четиричлено семејство догодина ќе биде задолжено со 17.000 евра. За сметка на тоа, никој ништо нема да добие. Капиталните инвестиции се реализирани со бедни 30% за седум месеци, а истовремено се набавуваат автомобили и мебел и се вработуваат во јавната администрација лепачи на партиски плакати. Меѓународната заедница и финансиски институции треба да станат свесни дека позајмувањето на пари на оваа гарнитура не се пари за граѓаните, туку пари фрлени во ветер за изживување на партиски пулени, се вели во дописот.

 

01.08.2021 - 10:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа