ВМРО-ДПМНЕ: Додека мажи се бореа за Македонија трајно неспособниот Премиерот трчал по документи да докаже дека е неспособен

 
Димитар Ковачевски не само што е дезертер, туку е и лажов. Тоа се докажа со неговите контрадикторни изјави во кои еднаш вели дека воениот рок не го служал заради школувањето, а вторпат дека имал последователни хируршки зафати. Кога лажеше Ковачевски, тогаш или сега или и тогаш и сега? - прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ
 
На лагата и се кратки нозете, а дезертерот Ковачевски е најдобар доказ за тоа.
 
Еден факт е непобитен, а тоа е дека  Ковачевски избегнал служење на воениот рок во 2001 година со медицинска белешка дека е ТРАЈНО НЕСПОСОБЕН. 
 
Трајно неспособниот Ковачевски не можел да отслужи воен рок, ама прв е да се нареди за вршење на функција. Додека илјадници семејства ги испраќаа своите браѓа, сопрузи, татковци на воена линија, Ковачевски како татино синче трчкал медицински потврди само и само да не служи војска. И веројатно играјќи на најсигурната варијанта станал ТРАЈНО НЕСПОСОБЕН со тапија.
 
Епа Ковачевски џабе бегаш, џабе манипулираш. Ова не е и не смее да биде тајна, бидејќи ако еден премиер не одговорил на обврските кон државата тогаш тој не е достоен за функцијата. Ако имаш грам доблест поднеси си оставка дезертеру! - порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ
21.09.2022 - 08:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега