ВМРО-ДПМНЕ до Османи: Доаѓа време на правда и одговорност мора да има

 

Груби не правел ниту една работа без одобрение на Ахмети, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ упатена кон вчера изнесените ставови на Бујар Османи.

Груби е олицетворение на криминалот и корупцијата на ДУИ и нивниот партнер, СДС.

Самиот Груби, многу пати во јавноста има кажувано дека ниту една работа не ја прави без одобрение на неговиот лидер, Ахмети.

Кога дојде момент за одговорност, Ахмети се откажа од својата десна рака Груби, но да потсетиме дека Артан Груби, не е било кој, туку поранешен прв вицепремиер во криминалната Влада на СДС и ДУИ.

Ахмети и Груби, ја користеа моќта да глумат шерифи и да си ја водат државата како да е во нивна сопственост.

Затоа и граѓаните ги казнија на изборите, а и по новите анкети се гледа дека уште долго ќе бидат во опозиција. Доаѓа време на правда и одговорност мора да има! - се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ

24.12.2024 - 09:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега