Среќа е што Филипче и СДС изминатите 7 години ја водеа државата и како на економски план, така и на здравствен план, образовен план, инфраструктурен план и на сите останати полиња бележеа навистина големи успеси. Секако, да не ги заборавиме и ветените инвестиции од Фејсбук, Гугл и стазата на Ф1 со кои ние како држава навистина добивме големи економски приходи, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ по денешните обвинувања на Филипче дека странските инвестиции си заминуваат од државата.

„Шегата на страна, срамно е Филипче кој не може партијата да си ја консолидира, секој ден нивни членови и поддржувачи бегаат и се дистанцираат од него и СДС како во времето на ковид кризата, сега да говори за некакви политики или пак штитење на криминал и корупција.

На Филипче му посакуваме пред сè, ако навистина и мисли добро на партијата и државата, да си даде оставка и да одговара за се она што го има направено во минатото за што е и заштитен од пулените на неговиот ментор Заев во судството.

Економските политики на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, како и Буџетот којшто го предвидуваме за 2026 година, апсолутно има предвидено средства за повисоки пензии, плати, социјално ранливи категории, капитални инвестиции и проекти. Намалување на јавниот долг, намалување и на буџетскиот дефицит за 0,5% споредбено со 2025 година. Растот на БДП е проектиран на 3,8%. Во време на СДС среќни бевме што не банкротиравме, поради кражбите на Филипче, Заев и ним блиските лица.

Филипче следен пат кога ќе излезе на прес-конференција нека размисли два пати. Секое негово излегување во јавноста е срам за обичниот граѓанин. Затоа, граѓаните на последните избори го кажаа своето. СДС под итно да се реформира, а Филипче да стане историја на политичката сцена“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Exit mobile version