Се јавија од СДС, поточно раководството предводено од чуварот на фотелјата во партијата Венко Филипче, загрижени за граѓаните и нивниот стандардот. Еве ќе ги потсетиме кратко што се презема по случувањата на Блискиот Исток. Тоа е мерката за намалување на ДДВ за нафтените деривати од 18 на 10 проценти, потоа одлуки за нивелирање на акцизите за дизел горивата и бензините, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Дополнително, континуирано се следи ситуацијата на енергетските пазари и се прават анализи со цел да се предвидат движењата на цените на горивата. Согласно последните пресметки откако вчера берзите затворија направена е пресметка и се очекува да се донесе одлука за намалување на дизел горивата, односно на бензините.
Оттука, мекото ткиво на македонската идентитетска политика олицетворено во Филипче нека не се грижи за граѓаните и за државата воопшто.
Сега Филипче има друга работа пред себе, а тоа е да си ги консолидира редовите во СДС, стои во реакцијата на владејачката партија.

