ВМРО-ДПМНЕ: Дезертерот Ковачевски уште колку време неспособен ќе ја окупира премиерската функција?

„Дезертерот Ковачевски да одговори уште колку време неспособен ќе ја окупира премиерската функција“. Ова прашање го поставуваат од најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, во соопштение доставено пред малку до медиумите.

„Дезертерот Ковачевски е трајно неспособен и тој документ сам го однел во АРМ.  Ковачевски сам признал дека е трајно неспособен.

Како трајно неспособен неговата состојба не може да се подобри, таа може само да се влоши. Дезертерот Ковачевски да каже зошто пред да стане премиер не ја запознал јавноста дека е трајно неспособен“, се вели во партиското соопштение.

 

„Затоа ли бега Ковачевски од избори, бидејќи знае дека како трајно неспособен никогаш нема да ја добие поддршката од граѓаните“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

19.09.2022 - 17:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега