ВМРО-ДПМНЕ: Дали возила на МВР се користат за шверц на дрога?!

СДСМ го институционализираше криминалот! Дали возила на МВР се користат за шверц на дрога?! Колку и да се правда Спасовски и да дава банални изговори не може да го објасни фактот како црногорската полиција знаела дека токму во возилото на МВР имало дрога. Очигледно е дека станува збор за дојава и за возило кое претходно е очекувано.

Ова утрово го соопшти опозициската ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека на министерот за внатрешни, Оливер Спасовски не му поминуваат лагите.

-Никој нема да поверува дека дрогата стоела во возилото 5 години. Не е можно возилото 5 години да било возено, да минувало технички прегледи, контроли и граници и никогаш до сега да не е пронајдена дрогата. Никој не верува дека дрогата стоела во возилото 5 години на автопаркот на МВР. Спасовски да не се крие и да излезе со одговори. Ова не е прв случај на шверц на дрога на луѓе на Спасовски. Претходно американската ДЕА го фати командирот на полициската станица Прилеп како шверцува заедно со шоферот на Заев, и тој наместо во затвор седи во домашен притвор. Македонија со Спасовски стана наркомека, се вели во соопштението.

 

26.09.2021 - 10:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега