ВМРО-ДПМНЕ: Дали неспособниот Филипче сѐ уште смета дека има услови за избори во Штип?

Денеска има 31 мртов човек од корона, 31 семејство е завиено во црно. Неспособниот Венко Филипче треба да одговори дали се уште смета дека има услови за избори во Штип кога нема ден а да нема двоцифрена беојка на мртви од корона, велат од опозицијата.

 

-Неговите грешки ги покрива земјата. Филипче треба да даде оставка затоа што: Во Македонија бројката на починати е пет пати поголема од онаа на светско ниво. Или во Македонија бројот на починати лица на милион жители е 646, додека пак бројот на починати лица на милион жители, на светско ниво е 171- велат од опозицијата.

Оттаму велат дека, Македонија е на дно по бројката на тестирани лица.

-Словенија која по број на жители речиси колку и Македонија, досега има направено 447.973 тестови, односно 215.470 на милион жители, што е околу 35% повеќе тестирани од Македонија.

Токму поради сите овие факти и поради тоа што граѓаните се оставени сами на себе, одговорност мора да има- велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.11.2020 - 21:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега