Љупчо Коцевски тактизираше дури и со сопствената оставка и одлучи да ги пресретне непријатните дискусии и вистината за неговото работење како јавен обвинител. Со оставката Коцевски ги призна проблемите во обвинителството кое беше компромитирано и под негово водство беше институција со изгубен легитимитет, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Коцевски го водеше обвинителството речиси две години и не направи ниту една реформа. Напротив обвинителството во време на Коцевски делуваше во заштита на криминалите на СДС и ДУИ и нивните функционери.

Тактизирањето на Коцевски и задоцнетата оставка е показател за длабоките проблеми, корупцијата и обидот да се зачува статус квото на обвинителството.

Коцевски е првиот на кого парламентот му изгласа недоверба, но тој не пропушти да тактизира за да извлече барем ден плус во заштита на  функционерите на СДС и ДУИ.

Со оставката на Коцевски се става крај на темниот период во обвинителството како партиски механизам за заштита на СДС и ДУИ. Оставката на Коцевски не е персонално туку системско решение и е јасна порака дека никој не е недопирлив.

Дали тактизирањето со оставката на Коцевски се купуваше време за неговите наредбодавци?

Дали е точно дека група обвинители на чело со Коцевски заташкуваат над 40 предмети за висока корупција на функционери од СДС и ДУИ?

Оставката на Коцевски е победа за правната држава, крај на партизацијата и почетокот на европеизацијата.

Ова не е крај туку почеток на неселективна и навремена правда.

ВМРО-ДПМНЕ ќе инсистира за независно, професионално и департизирано обвинителство.

ВМРО-ДПМНЕ ќе инсистира на реформи во правосудството за навремена и неселективна правда каде ќе се почитуваат законите и владеење на правото.

ВМРО-ДПМНЕ ќе инсистира на градење на институциите и враќање на довербата на граѓаните  во правосудството“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Exit mobile version