ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Спасовски
Трет месец по ред Македонија е мета на лажни дојави за бомби, граѓаните се преплашени, учениците губат настава, а Ковачевски, Пендаровски и Спасовски убедуваат дека безбедноста на граѓаните е на високо ниво, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Секој ден има нови пријави за бомби а Спасовски и МВР не можат да откријат кој стои зад овие дојави. Само што не им влегле во трагата, но решенија до ден денешен нема.
Граѓаните живеат во страв и паника. Спасовски е целосно изгубен и неспособен да се справи со целата ситуација.
Спасовски на 16 ноември изјави дека во истрагата се вклучени НАТО, Европол и Интерпол, за на крај да излезе дека Македонија дури после еден месец односно 16 декември ги информира НАТО структурите за секојдневните дојави за поставени бомби низ основните и средни училишта, Народната банка, Трговски центри, станбени згради, скопскиот аеродром, хотели и спортски центри, па дури и полициски станици.
Несериозни се изјавите на Спасовски дека ова не се случува само во Македонија, туку и во другите земји од регионот и дека овој хибриден напад е само да предизвикување на страв и паника и да ја подрива политичката власт во државата.
Спасовски и МВР не се грижат за безбедноста на граѓаните, а најдобар пример за тоа е што МВР се претвори во партиска полиција. Ноќ пред почетокот на партискиот митинг на СДС, полицијата наместо на скопските улици, се наоѓаше пред салата Борис Трајковски.
Повеќе од јасно е дека на Спасовски и Ковачевски им е изгубен компасот и не знаат каде тераат.
Затоа повикуваме Спасовски да не го окупира МВР, и веднаш да си поднесе оставка. Македонија и граѓаните немаат веќе ниту ден повеќе за губење со оваа неспособна влада.
Ако Спасовски не сака да си поднесе оставка, Ковачевски веднаш да го разреши. Не дозволиво е интересот на еден човек да биде пред интересот и безбедноста на државата.
Граѓаните се преплашени, и се чувствуваат небезбедни и несигурни во сопствената држава.
Институциите во државата под раководство на СДС се целосно нефункционални, се вели во соопштението на партијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа