ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Шилегов: Во Скопје не се дише
На неспобноста на власта на СДСМ, Заев и Шилегов и нема крај. Не само што се неспобни да се справат се корона пандемијата, не се способни да се справат и со загадениот воздух, соопшти Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.
Оттаму велат дека Скопје и понатаму руши рекорди по загадениот воздух, а како што велат, ниту Шилегов ниту на било кој од власта не му е важно тоа.
-Скопје се наоѓа на листата на најзагадени градови во светот. Главниот град е рамо до рамо со градовите во Индија, Пакистан, Индонезија и Кина. Шилегов да си даде оставка поради неспособност да менаџира со клучниот проблем на Скопје. Пред само половина час во Ново Лисиче се измерени над 400 ПМ10 честички на метар кубен, а нивото на ПМ10 честички е над дозволено и во останати градови ширум целата држава. На граѓаните име доста од празните флоскули и неработата на оваа неспобна влада. Нивното неработење граѓаните го плаќаат со своето здравје. За ова следи одговорност, се вели во соопштението.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа