ВМРО-ДПМНЕ: „Агенцијата за вработување СДСМ-ДУИ“ објавува оглас за образовни асистенти спротивно на Закон

 

 

Објавен е „Јавен оглас за вработување на 200 стручни соработници-приправници - образовни асистенти за ученици со попреченост во основно образование“. Во огласот, во посебни услови за кандидатите пишува дека кандидатите може да имаат образование за специјален едукатор и рехабилитатор, педагог, психолог, социјален работник, социјален и рехабилитациски педагог, НО и лице што ги исполнува условите за наставник во одделенска настава и наставник во предметна настава, велат од Комисија за образование и наука на ВМРО - ДПМНЕ.
 
Комисијата соопшти дека Република Македонија има Закон за наставници и стручни соработници во кој јасно се разграничени компетенциите на едните и другите од што произлегува дека огласот е во спротивност на законот.
 
„Значи ли тоа дека во некој иден закон сите ќе бидат воспитно-образовни работници со најразлични компетенции и бараме Власта да објасни како во иднина со измешани компетенции ќе ги разграничи овие 2 групи на професионалци?Претпоставуваме дека оправдувањето ќе биде дека во недостаток на стручни соработници за работно место „образовен асистент“ неспособната Влада ги вклучува и наставниците. Лага како и секогаш за својата неспособност да ја прикријат со хумано дело“, велат од Комисијата.
 
Вистината е дека се ближат избори и дека на „Агенцијата за вработување со име СДСМ и ДУИ“ им треба гласачка армија. Тоа што штетата отпосле ќе треба да се поправа нив не ги интересира. После сѐ да не бидеме погрешно разбрани, на децата со попреченост им требаат асистенти и треба да ги добијат, ама Владата да се потруди и законите да ги почитува, порачаа од Комисија за образование и наука на ВМРО - ДПМНЕ.

09.08.2022 - 12:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега