ВМРО-ДПМНЕ: Аферата „Тајни имоти“ води и директно до луѓе од опкружувањето на Оливер Спасовски
Добрин Петрушевски, член на УО ДСУ „Киро Бурназ“, човек кој важи за близок до Спасовски, чиј син беше и советник во кабинетот во МВР, го крие својот имот, односно не го пријавил на увид на јавноста. Петрушевски е познат по тоа што преку својата фирма која со години не пријавила никакви приходи изгради бензинска пумпа во Куманово, под името „Пин Петрол“, а доби лиценца од Спасовски и за технички преглед, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата прашуваат што крие Петрушевски и зошто не го пријавил својот имот.
„Имот крие и членот на НО на М НАВ, Димитар Џеков, тој не го пријавил на увид на јавноста. Дел од функционерите имаат огромни имоти, и е сомнително зошто доколку истите се легално стекнати не се пријавени. Токму затоа ја повикуваме УЈП преку посебна постапка да утврди дали функционерите кои го кријат својот имот истите го стекнале со средства за кои е платен данок, доколку не очекуваме постапки од институцијата. ДКСК да не ги крие и да отпочне постапки за сите функционери кои кријат имот, а дезертерот Ковачевски да ги разреши од функциите, во спротивно се потврдува дека се работи за институционално криење“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа