ВМРО-ДПМНЕ: 8 Септември е плодот на стремежот за своја држава, наша обврска е да ја унапредуваме


ВМРО-ДПМНЕ им го честита 8 Септември на сите граѓани. 8 Септември е плодот на стремежот за своја држава, кој стана реалност во 1991 година. Наша обврска денес е да ја унапредуваме таа држава, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„33 години независност, многу премрежја, но и успеси. Македонија никогаш не престана да расте, без разлика колку некои владејачки елити се труделе да ја уназадат.

Граѓаните се движечката сила на државата и тие секогаш го даваа својот елан за таа да напредува.

ВМРО-ДПМНЕ 33 години посветено работи на унапредување на државата, поголем просперитет и развој. Го дадовме темелот во 1991 година, и сме стожер 33 години.

Сега, повеќе од било кога порано ни е потребна енергијата која ја имаше на 8 септември 1991 година. Енергијата која ја отпочната приказната за независна држава, таа енергија преточена во желба за напредок веќе ја има кај граѓаните, преку желба за успешна држава. Потребна е силна волја за напред, и таа ја има. Македонија чекори забрзано кон просперитет“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

08.09.2024 - 10:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега