ВМРО-ДПМЕ: Црната ситуцаија со корона во Македонија може да се спречи со оставка на Филипче

 

Заев и СДСМ со нивниот министер Филипче наместо да се ангажираат околу корона кризата, тие си ги бркаат своите бизниси, велат од ВМРО-ДПМНЕ во реакција.

„Заев и СДСМ со нивниот министер Филипче наместо да дејствуваат, си прават пиар - носи маска.

И додека сите земји во Европа преземаат мерки, СДСМ и Филипче тераат кампања - носи маска. 

И додека бројот на починати надмина илјада лица, СДСМ и Заев и повторно продолжуваат само со кампањи. 

Не е време за кампањи, време е за мерки и за конкретни чекори. 

Но, од ден на ден и по девет месеци од корона кризата се покажа многу јасно дека додека Заев е премиер, а министер Филипче црно им се пишува на граѓаните. 

 

Затоа единствено нешто што може да помогне во целата оваа црна ситуација е оставката на Венко Филипче!' наведуваат од партијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.11.2020 - 15:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега