Влажен бран се движи кон Македонија - метеолозите најавуваат невреме

Во втората половина од оваа ноќ од северозапад и запад ќе навлезе влажен воздушен бран кој ќе услови повремени локални врнежи од дожд, кој во текот на утрешниот ден локално ќе се прошират и во останатите предели, информира метеорологот Славчо Попоски. 

Локално утре ќе има услови за развој на нестабилна облачност проследена  со пороен дожд и грмежи, како и со засилување на ветерот. Локално врнежите ќе бидат со нешто поголем интензитет и ќе наврнат над 10 л/м2 воден талог. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Максималните дневни температури утре ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 21 степен, што значи ќе бидат пониски за разлика од денешните.

Потоа од понеделник повторно ќе имаме постабилно и релативно суво време, исклучок ќе биде среда кога ќе има повеќе облачност и услови за слаб локален дожд во јужните предели од државава.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.10.2020 - 19:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега