Влажен бран кој се движи кон земјава стави половина од Македонија во портокалова фаза. Метеоалрмот покажува опасност од врнежи во портокалова фаза во делови од западниот регион и Пелагонија. Поголем дел од повардарието и источна Македонија се во жотла фаза.
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне во југозападните и јужните делови (над 30 l/m² за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17 степени.
Утре се очекува променливо облачно, претпладне и кон крајот на денот со повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од претежно од јужен правец. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Врнежи од дожд се очекуваат и до крајот на оваа недела и на почетокот на наредната.
- Продолжен притворот на Стојанче Јовановски – Трагедијата во Карпош ја крена Македонија на нозе
- Се скарале додека возеле – Скопјанец нападнат на Бит Пазар
- Ќе нема струја до 16 часот – Исклучувања во две скопски населби
- „Млад франкофонски парламент“ денеска во Собрание
- Владата со панел дискусија за раст на економијата – Може да ја следите во живо
- Магла на патиштата – АМСМ со важна информација за возачите
- УХМР со викенд временска прогноза
- Два случаја на насилство врз жени во Штип и Виница


