Властимир Алексовски поднесе кандидатура за претседател на СДСМ

 
Денеска до Централната изборна комисија, кандидатура за претседател на партијата за вонредните внатрепартиски избори кои ќе се одржат на 12 декември поднесе Властимир Алексовски, информираат од партијата СДСМ преку писмено соопштение.
 
„Властимир Алексовски е член и активист на СДСМ од општинската организација на партијата од Куманово.
 
По анализирање на поднесената документација и утврдување дали апликацијата на Алексовски е согласно правилникот и дали ги исполнува пропишаните услови, Централната изборна комисија ќе соопшти дали ја верификувала апликацијата. Секако, ова се однесува на сите поднесени кандидатури“, додаваат во соопштението.
02.12.2021 - 15:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега