Делегација на Владата во состав: заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски; министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков и градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќира, денес и утре престојува во дводневна работна посета на Париз.
Во рамки на посетата, делегацијата ќе оствари средби со Калед Ел-Енани, генерален директор на УНЕСКО, како и со други високи претставници на УНЕСКО.
На средбите ќе бидат потенцирани цврстите заложби на Владата за зачувување на статусот на природното и културното наследство на Охридскиот Регион. Исто така, ќе биде истакнато дека државата воспоставува систем за заштита кој гарантира зачувување на интегритетот и автентичноста на Охридскиот Регион како исклучителна универзална вредност.
Делегацијата ќе се осврне и на мерките што Владата ги презема, како и на фактот дека преку надлежните институции се вложуваат максимални напори за спроведување на препораките од реактивните мисии (2020 и 2024) и Стратегискиот план за рехабилитација.
Во рамки на посетата, денеска е планирана средба со Ернесто Отоне, помошник генерален директор на УНЕСКО задолжен за култура, потоа со Конгкер Мохамад Талха, претседател на 43. сесија на Генералната конференција на УНЕСКО, а утре делегацијата ќе се сретне со Насер бин Хамад Ал Хинзаб, претседател на Извршниот одбор на УНЕСКО.
Актуелно
- Барселона одби 30 милиони долари за Бернал
- „Очекувале дека има пари со себе“ – откриени нови детали за киднаперите на Даниел Кајмакоски
- Царинските службеници на граничните премини Прохор Пчињски и Прешево спречија увоз на цигари во вредност од над 700.000 динари
- Илон Маск ќе ја населува месечината
- Хорор ден за прилепчанец – бил избоден од двајца сограѓани
- Гостиварец пронашол четири експлозивни направи покрај река во близина на село Трново
- Гаши: Собранието ќе работи и покрај протестот на ССМ – пратениците ќе дојдат пеш или порано
- Автобус се заби во кабина на Блаце: На возачот му се одземени документите


