Владата утре на пладне веќе ќе има донесено вонредни мерки за борба против високите цени на бензините, дознава Прес24 од свои владини извори.
Според информациите, Владата ја следи состојбата со цените на светските берзи кои и натаму растат. Свесни дека тоа ќе се одрази во новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика па најавуваат интервензија за ублажување на ценовниот шок. До овој момент нема информации какви мерки планира да преземе владата но владини извори веќе најавија дека се размислува за моделот со намалување на стапката за ДДВ на горивата од 18% на 10%. Во моментов цената на горивата е 92 денари за дизелот и 86,5 денари за литар бензин.
По договор на Владата со еден од најголемите снабдувачи ОКТА, намалени се цените за 2 денари по литар па на најголемиот дел од бензинските цената е 90 денари за дизел и 84,5 за бензин.
- Стоилковски открива: Зошто Софија не блокираше за НАТО, а сега поставува нови замки за Македонија
- Полицијата апсеше низ целата држава – Приведени 16 возачи, 11 немале возачка
- МВР со полни раце работа: Шест лица уапсени за семејно насилство во еден ден – напаѓани сопруги, деца и родители
- Вработен во „Македонски железници“ со изгореници од струен удар итно пренесен во болница
- МВР со детали за пронајдениот леш во Зрновци
- Стружанец се обидел да ја напушти државата со куршуми во рачниот багаж
- Грозоморен настан во Зрновци: Силувано и убиено женско лице – пронајдено обезглавеното тело
- Прегазено осумгодишно дете на патот Радовиш-Конче, со тешки повреди пренесено во болница


