Владата одлучи да се пристапи кон програмата на ЕУ за истражување и иновации „Хоризонт Европа“

 

 Владата на денешната 77-ма седница ја разгледа и усвои Информацијата за пристапување на Република Северна Македонија кон европската рамковна програма за истражување и иновации „Хоризонт Европа“ (2021-2027).

Како што соопшти владината прес-служба, Министерството за образование и наука е задолжено до крајот на август 2020 да изготви и достави писмо за изразување интерес за пристапување на земјава кон Рамковната програма на Европската Унија за истражување и иновации „Хоризонт Европа“. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.07.2020 - 13:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега