Владата оддаде почит на загинатите бранители на Карпалак

Во име на Владата, Драган Василевски, советник за одбрана на премиерот, денеска, положувајќи свежо цвеќе на спомен-плочата во месноста Карпалак, на автопатот Скопје – Тетово, оддаде почит и учествуваше во одбележувањето на 19-годишнината од за загинувањето на десетмината припадници на резервниот состав на Армијата во оружениот конфликт во 2001 година, соопшти владината прес-служба.

Пред спомен обележјето посветено на прилепските бранители, Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушидоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски, венци со свежо цвеќе положи и делегација од Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија, делегација од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, делегации на прилепската локална самоуправа, претставници од составот на резервните воени обврзници, членови на семејствата и пријатели на загинатите.

Споменот и одбележувањето на годишнината од смртта на десеттемина армиски резервисти започна синоќа во Прилеп, каде во име на Владата на Република Северна Македонија, советникот на претседателот на Владата, Драган Василевски, положи свежо цвеќе пред спомен-обележјето во касарната „Мирче Ацев”, како и пред споменикот на бранителите во прилепското село Лениште.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.08.2020 - 11:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега