Владата ја одобри инвестицијата вредна 22 милиона евра- Ќе се гради брана на реката Слупчанска

 

По предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата на денешната седница ја донесе Информацијата за одобрување на тендерската постапка од пред неколку години за изградба на брана на река Слупчанска.

Инвестицијата вредна околу 22 милиона евра или 1.342.000.000 денари, ќе треба да се реализира за четири години.

-Ова е најголемата капитална инвестиција што ќе се случи во Општина Липково. Со ова се очекува да биде целосно решен  проблемот со вода за пиење и наводнување на земјоделските површини, наведува ресорното Министерство. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.10.2020 - 15:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа