Владата го усвои Националниот план за енергија и клима

 

Владата денеска на седница го разгледа и усвои Националниот план за енергија и клима (НПЕК) на Република Северна Македонија, кој го покрива периодот од 2021 до 2030 година и го пропишува патот за остварување на целите до 2030 година.

-Како и Стратегијата за развој на енергетиката на Република Северна Македонија, и НПЕК има сеопфатен пристап и ги опфаќа петте најважни димензии на Европската енергетска унија, односно декарбонизацијата (со два сегменти: емисии на стакленички гасови и обновливи извори на енергија), енергетската ефикасност, безбедноста во снабдувањето со енергија, уредувањето на внатрешниот пазар на енергија, и истражување, иновации и конкурентност во сферата на енергетиката и климатските промени, соопшти владината прес-служба. 

31.05.2022 - 18:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега