Владата денеска ќе ја одржи 25-та седница

Владата денеска ќе ја одржи редовната 25-та седница со повеќе точки на дневен ред.

Како што соопшти владината прес-служба, на денешната седница пред министрите ќе се најде Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за вршење на сметководствени работи, како и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за Македонската банка за поддршка на развојот, чиј предлагач е Министерството за финансии.

-На предлог на Министерството за економија на оваа седница ќе се утврдуваат и Предлогот за закон за развој, производство и промет на воени стоки, како Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за едношалтерски систем и водење трговски регистар и регистар на други правни лица. На денешната седница ќе биде разгледана и ставена на усвојување Предлог - програмата за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми за 2020 година. На дневен ред на денешната седница, меѓу другото, е и Информацијата за спроведување на Стратегијата за развој на женското претприемништво во Република Северна Македонија 2019 – 2023 година, се вели во соопштението до Владата.

Денешната редовна 25-та седница на Владата е предвидено да се одржи во 12:00 часот преку видео-конференциска врска, а за заклучоците и одлуките јавноста ќе биде известена преку соопштение.  

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.12.2020 - 09:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега