Влада: Заврши привремениот престој во земјава за група граѓани од Авганистан

„Група од 10 граѓани од Авганистан кои привремено беа згрижени во Северна Македонија, замина синоќа од Меѓународниот аеродром Скопје. Прибежиште им обезбеди Француската Република, додека чекаат да им се признае правото на азил, како дел од операцијата за помош на граѓани кои работеле за демократските институции и меѓународни организации во Авганистан, а се под закана на новиот талибански режим во земјата“-информираат од Владата.
Македонија учествува во меѓународната хуманитарна мисија со тоа што до сега обезбеди привремен престој за 484 граѓани од Авганистан, вработени и жени и деца од семејства на вработени во хуманитарните, демократски и миротворни меѓународни мисии, активисти од организациите за човекови права, преведувачи, студенти и стипендисти.
„За периодот на престој во земјава им се обезбедува сместување во објекти во Скопје, здравствена заштита и психосоцијална поддршка додека не се обезбеди трансфер до нивната крајна дестинација. Трошоците во целост се покриени од меѓународните организации“-додаваат надлежните органи.
14.10.2021 - 11:48
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа