Close Menu
    Најново

    Минималецот ќе расте во март: Еве за колку денари ќе се зголемат платите на работниците

    22.12.2025 во 15:32

    Божиновска смирува: Нема да има криза, државата има резерви на мазут

    22.12.2025 во 15:30

    Авиосообраќајот на Меѓународниот аеродром Скопје се нормализира, откажани осум летови

    22.12.2025 во 15:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Минималецот ќе расте во март: Еве за колку денари ќе се зголемат платите на работниците
    • Божиновска смирува: Нема да има криза, државата има резерви на мазут
    • Авиосообраќајот на Меѓународниот аеродром Скопје се нормализира, откажани осум летови
    • МВР: Имаме најголема доверба меѓу граѓаните за справување со корупцијата
    • Трагедија на естрадата: Загина Самир Хоџиќ, долгогодишниот хармоникаш на Ханка Палдум
    • Украл паричник од куќа во Кочани, па со соучесници „испразниле“ 90.000 денари од банкомат
    • Скопјанец претепан на Средно Водно
    • Мицкоски: Градиме енергетски суверенитет – 97 милиони евра за модерна и чиста македонска енергија
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Влада: Усвоена информација за склучување на договор за соработка помеѓу Железници инфраструктура и Јавното тело на Министерството за транспорт на Владата на Обединетото Кралство Кросрејл Интернешнал Лимитед

    Влада: Усвоена информација за склучување на договор за соработка помеѓу Железници инфраструктура и Јавното тело на Министерството за транспорт на Владата на Обединетото Кралство Кросрејл Интернешнал Лимитед

    23.09.2025 во 16:22
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Владата на денешната 114 редовна седница ја разгледа и усвои информацијата за склучување на договор за соработка помеѓу Јавното претпријатие за железничка инфраструктура- Скопје и Јавното тело на Министерството за транспорт на Владата на Обединетото Кралство Кросрејл Интернешнал Лимитед (Crossrail International Limited (CI)). 

    Со овој Договор за соработка се воспоставува рамка со која страните ја потврдуваат својата подготвеност и посветеност да соработуваат преку споделување на експертиза, искуства, добра практика и научени поуки во поддршката на проектите на ЈП ЖРСМ Инфраструктура- Скопје, со посебен акцент на брзата железница, како и товарен железнички сообраќај, сигнални и контролни системи, надградба на инфраструктурата, депоата и железничкиот возен парк. Договорот за соработка е во важност од 5 години со можност за продолжување од дополнителни пет години. Овој Договор произлегува од досега воспоставената соработка помеѓу македонската Влада и Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, во врска со партнерството за реализација на приоритетни инфраструктурни проекти.

    Дополнително, Владата на денешната седница ја разгледа информацијата за потребата од субвенционирање на филтри на оџаци на домаќинствата и ја задолжи Канцеларијата на Претседателот на Владата во следниот период да подготви детална анализа која ќе ги предвиди условите, времетраењето и процедурата за објавување на оглас за субвенции на филтри за оџаци на домаќинствата кои користат греење со фосилни горива односно дрва.

    Популарно

    Ќе нема струја до 15 часот: ЕВН најави исклучувања во неколку општини

    17.12.2025 во 09:44

    Грците тестираат специјални сообраќајни камери, ловат се „живо“: За 4 дена регистрирани повеќе од 2.000 прекршоци

    22.12.2025 во 09:59

    Снег за новогодишната ноќ во Македонија

    22.12.2025 во 11:12

    Трамп ја повлекува Агелер: Македонија дел од големата „чистка“ на американските амбасадори

    22.12.2025 во 10:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.