Во врска со денешните јавни настапи и изјави на Трендафилов, како Влада најостро реагираме на обидите за создавање лажна слика за социјалниот дијалог, велат од Владата.
„Не знаеме кого Трендафилов чекал, сместувајќи се во празна сала, но едно е кристално јасно, социјалниот дијалог за нас е сериозна и одговорна државна политика, а не средство за политички театар и парадерство пред камери. Јавноста треба да знае дека средбата на премиерот Мицкоски со претставници на синдикатот УПОЗ е закажана и ќе се одржи во просториите на Владата во четврток во 16:45 часот.
Ова е конкретен доказ дека Владата не бега од дијалог, туку инсистира истиот да биде сериозен, суштински и насочен кон резултати.
Социјалниот дијалог се води таму каде што му е местото, во институциите, со јасен план и реална намера за изнаоѓање решенија.
Сите обиди истиот да се претвори во лажни наративи и самоволни појавувања, се неодговорни и штетни по интересите на работниците, кои наводно се бранат.
Владата останува цврсто посветена на конструктивен социјален дијалог, но нема да дозволи истиот да биде злоупотребуван за дневнополитички калкулации“, стои во соопштението од Владата.
Актуелно
- Муцунски и Силјановска-Давкова во Дубаи: Успешните Македонци во ОАЕ се клучниот мост за нови инвестиции
- Карпа падна на патот: Голем одрон го блокираше правецот Градско – Велес кај поранешната ХИВ
- Приведен камионџија на Деве Баир
- Сведоштво од „Пулс“ што го крши срцето: И по лекувањето во Штип, Скопје и Грац состојбата ми е критична, сатурацијата ми паѓа на 65
- Рокас: Незаконски стекнатите средства и нивната конфискација најмногу обесхрабруваат криминални активности
- Тошковски: Во 2025 година обезбедивме над 452 милиона денари во буџетот на државата од конфискација
- Димитриеска-Кочоска: Рекордни 58 финансиски истраги против 400 лица, криминалот повеќе нема да биде исплатлив
- Напад во Градскиот парк: Тројца малолетници претепале и ограбиле државјанин на Украина

