Сообраќајот на регионалниот пат Градско – Велес е во прекин или се одвива отежнато поради голем одрон од карпа кој падна денеска околу пладне. Инцидентот се случил во близина на поранешната хемиска индустрија ХИВ, а како главна причина се наведуваат обилните дождови кои го дестабилизираа теренот.
Екипите на ЈП „Македонија пат“ – Подружница Велес се веќе на терен со соодветна механизација. Раководителот на подружницата, Ристе Коџобашиев, потврди дека со помош на багер се работи на дробење и отстранување на карпата за што побрзо оспособување на патот за сообраќај.
Се апелира до возачите на крајна претпазливост при минување на оваа делница, бидејќи влажното време ја зголемува опасноста од нови одрони на критичните точки.

