Вкупно 16238 активни случаи на коронавирус во Македонија - ИЈЗ соопшти во кои градови има најмногу заболени на 100 жители

Министерството за здравство вчера информираше дека во  последните 24 часа од направени 2543 тестирања регистрирани биле 477 нови случаи на Ковид-19, 10 починати лица на возраст од 47 до 88 години, сите починати во болнички услови и 331 оздравен пациент, информира Министерството за здравство.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 87590, бројката на оздравени пациенти е 68695, на починати е 2657, а бројот на активни случаи изнесува 16238.

Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) заклучно со 10 јануари покажуваат дека најмногу заболени со Ковид-19 на 100 илјади жители има во Штип.

“Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Штип со 6.420,7 на 100.000 жители, Скопје (6.073,9/100.000), Кавадарци (5.319,1/100.000) и Свети Николе (5.128,7/100.000), а инциденца под 2.000 заболени на 100.000 жители се регистрира во Радовиш и Крушево“, стои во извештајот на ИЈЗ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.01.2021 - 09:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега