Вистинските емоции „Зад завесите’’, Бојана со нова балада и видео запис

Секогаш доминантна и полна со изненадувања, Бојана Скендеровски повторно чекори цврсто на македонската естрада, со нова и моќна приказна трансформирана во емотивна мелодија.

Емотивниот видео запис на новата песна на Бојана, насловена „Зад завесите„ денес премиерно ја добива својата онлајн промоција. Приказната за отсуството на емпатијата во светот полн со предрасуди е дел од новиот проект на Бојана, со којшто започнува низата на дополнителни изненадувања, кои Бојана ќе ги претстави на публиката оваа година.

Зад завесите се потпишува искусен тим. Видео записот на новата балада е во режија на дно од најценетите имиња на македонската музичка естрада, Александар Ристовски -  Принц, кој со својот ексцентричен и секогаш уникатен стил со доминантни и директно прикажани симболи, на едноставен начин ја пренесува вистинската суштина на  меланхолијата на самата песна. Музиката и аранжманот се на Роберт Билбилов, а текстот е на Ксенија Николова.

 

„Пред околу една година, текстот го напишав во еден здив. Емоциите се испишаа скоро  сами во строфите на песната, а произлегоа од мислата за сите луѓе, кои се во животот на еден човек, но се всушност и публика, набљудувачи, коментатори и судии. Сфатив колку малку луѓето ја разбираат туѓата болка и колку им е полесно да го дефинираат човекот  според своите очекувања, наместо вистински да слушаат, да бидат внимателни. Сржта на песната е отсуството на емпатијата во светот полн со предрасуди и секој стих е дамски  начин на пренесување на главната порака, којашто Бојана ја доловува совршено со својот доминантен и препознатлив глас,“ вели текстописецот Ксенија Николова.

„Кога се обраќаш кон самиот себе во потрага по одговорите, е суштинскиот двигател во  самиот видео запис. Бидејќи се оддалечивме едни од други, но најмногу се оддалечивме  од себе. Сѐ што ни се случува е рефлексија од нашата внатрешна состојба,“ се надоврза Александар Ристовски-Принц.

Видео спотот на „Зад завесите“ својата премиера ќе ја има вечерва (27.01.2022) во 19:30  часот на официјалниот YouTube канал на Скендеровски продукција:

 

27.01.2022 - 16:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега