Австралија денеска зборува за 13-годишно момче кое херојски ги спасило својата мајка, помладиот брат и сестра, пливајќи четири часа во тешки услови за да побара помош. Семејството било однесено далеку од брегот во југозападна Западна Австралија, објави „Гардијан“.

Инцидентот се случил во петокот попладне во заливот Географ, во близина на Квиндалуп, каде силните ветрови им ги однеле даските за веслање и надувувачкиот кајак. Момчето првично се обидело да се врати со кајак до брегот, но откако чамецот почнал да се полни со вода, тој храбро испливал четири километри додека не успеал да го вклучи алармот.

Веднаш била организирана голема операција за пребарување и спасување, во која биле вклучени водни полицајци, локални волонтери и спасувачки хеликоптер. По неколку часа, во 20:30 часот, спасувачки хеликоптер ги пронашол мајката (47), 12-годишниот брат и 8-годишната сестра како се држат за една даска.

Командантот на морнарицата, Пол Бресланд, изјави дека семејството било пронајдено околу 14 километри од брегот, откако со часови се бореле со немирното море. „Дејствата на 13-годишното момче не можат доволно да се пофалат; неговата решителност и храброст на крајот ги спасија животите на неговата мајка, брат и сестра“, изјави полициски инспектор.

Од Амбулантата „Сент Џон Западна Австралија“ го нарекоа ова „извонредно спасување“ и ја пофалија храброста на тинејџерот. За среќа, сите членови на семејството носеле елеци за спасување, што било клучно за нивниот опстанок.

Exit mobile version