Close Menu
Press24
    Најново

    Сите ги сакаат: Трите најпопуларни хороскопски знаци

    06.03.2026 во 23:15

    Што ја прави секоја жена посебна и незаменлива според хороскопскиот знак

    06.03.2026 во 22:49

    Израел со силен воздушен бран во Бејрут

    06.03.2026 во 22:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сите ги сакаат: Трите најпопуларни хороскопски знаци
    • Што ја прави секоја жена посебна и незаменлива според хороскопскиот знак
    • Израел со силен воздушен бран во Бејрут
    • Иран: Европа и другите земји ќе бидат легитимни цели на напад ако се приклучат на САД и Израел
    • Трамп: Иран не мора да биде демократија, важно е да биде сојузник
    • Цените на нафтата во нагло качување: Блискиот Исток го блокира клучниот „енергетски крвоток“
    • Битолски водовод: Чистењето на улиците се врши веднаш по санирање на дефектите
    • Евакуацијата на македонските државјани од земјите од Блискиот Исток ќе започне во недела
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Винарската визба „Тиквеш“ го одбележува Св. Трифун во знакот на одржливоста и иновациите во винската индустрија

    Винарската визба „Тиквеш“ го одбележува Св. Трифун во знакот на одржливоста и иновациите во винската индустрија

    14.02.2026 во 15:053 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Винарската визба „Тиквеш“ годинава го одбележува празникот на лозарите и винарите, Свети Трифун, почитувајќи ја традицијата и фокусирајќи се на иновациите и зелената технологија, кои се неопходни за да се создадат врвни вина и да се оствари успех на динамичниот и конкурентен вински пазар. Свечениот чин на закројување на лозјата во Лепово го извршија поглаварот на МПЦ- ОА, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан и претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски, во присуство на министри во Владата, претставници на дипломатскиот кор, институции, лозари и соработници на „Тиквеш“.

    Со овој традиционален чин симболично беше означен почетокот на новата лозарска сезона, со порака за единство, одговорност и визија за одржлива иднина на македонското винарство. Истовремено, беше нагласено дека „Тиквеш“ е предводник во имплементацијата на иновативни практики во насока на одржливо производство, што е дополнително значајно во услови кога индустријата се соочува со предизвици наметнати од климатските промени.

    „Иднината на лозарството мора да се гради врз основа на наука, стандарди и економски одржливи насади. Лидерската позиција на ,Тиквеш’ во земјава и регионот е резултат токму на примената на иновации, дигитализација, алатки базирани на вештачка интелигенција и зелена технологија. За да бидеме поуспешни во нашите активности и со цел да се обезбеди одржливост и развој на целокупната винска индустрија, неопходна е долгорочна стратегија за секторот, која ќе биде креирана во партнерство со винарниците и останатите засегнати страни. Само така ќе можеме да одговориме на сѐ поголемите предизвици со кои се соочуваме како индустрија“, истакна Светозар Јаневски, претседател на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“.

    Винарската визба „Тиквеш“ во континуитет инвестира во воведување напредни практики за производство на грозје и вино, користејќи ја експертизата на врвни реномирани експерти од Франција, Италија и Словенија.

    Потпирајќи се на научни сознанија и стандарди и следејќи ги најсовремените трендови во индустријата, винарницата истовремено се грижи за доследна имплементација на принципите на одржливост и заштита на животната средина, приспособувајќи се на климатските промени. Со цел понатаму да го намали својот јаглероден отпечаток, „Тиквеш“ е на пат целосно да ја елиминира употребата на фосилни горива во производствениот процес, како и да премине на користење исклучиво енергија од обновливи извори.

    „Тиквеш“ е единствена винарница од регионот која успеала да ги задоволи критериумите за сребрено членство во групата „Меѓународни винарници за борба против климатските промени“ (IWCA – Interational Wineries for Climate Action) и останува амбасадор на македонското винарство на глобално ниво, вбројувајќи се меѓу водечките глобални винарници, чија цел е намалување на јаглеродните емисии до нула најдоцна до 2050 година.

    Популарно

    Ја киднапирал и силувал: Дошла од Германија, преживеала 10 дена хорор во Гази Баба

    06.03.2026 во 14:39

    Крај за физичкото запишување забрани во возачките: МВР воведе СМС известување за сообраќајните казни

    06.03.2026 во 14:57

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37

    Цените на нафтата се удвојуваат поради конфликтот во Иран

    06.03.2026 во 11:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.