По релативно мирниот петок, викендот носи значителна промена на временските услови. Во сабота ќе има локални врнежи – на планините и повисоките места од снег, а во пониските од дожд и снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, каде што се очекува зголемување на снежната покривка.

Вистинското заладување настапува од недела, кога ќе дува умерен до засилен северен ветер со брзина над 60 km/h. Температурите ќе бидат во опаѓање, при што наместа дневните максимуми ќе останат под нулата, а ќе има и повремени локални врнежи од снег.

Стабилизација и суво време метеоролозите најавуваат од вторник.

Exit mobile version