ВИДЕО: Жена затекнала мечка во својот базен - „Ова е најголемата што сум ја видела“

Голема црна мечка ја изненадила жената во Вирџинија која што ја пронашла во дворот, како лежи во базенот во нејзиниот двор.

Регина Келер веќе навикнала да се сретнува со мечките бидејќи куќата ѝ е сместена на изолирана локација блиску до националната шума „George Washington“ во Вирџинија.

„Ова е најголемиот кој што сум го видела. Ги поливав цвеќињата надвор кога ја забележав мечката како лута по дворот.

Дојде до базенот и прво ја стави само шепата во вода. Набрзо одлучи целосно да легне во базенот. Изгледаше толку многу среќно и освежено“ - изјавила Регина за Си-ен-ен.

Таа во својот двор често наоѓа мечки, срни, лисици, верверички. Мечката се одморала во базенот околу еден час, а потоа побегнала кога го чула кучето како лае во дворот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.07.2020 - 14:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа