ВИДЕО: Застрашувачки снимки од катастрофалните пожари кај Мармарис

 

Ридовите во близина на турското летувалиште Мармарис, покриени со густа зелена борова шума, се уништени од шумски пожари кои горат веќе две недели.

Снимката од дрон од малиот крајбрежен град Икмелер снимена пред и по пожарот ги покажува последиците од уништувањето, пренесува Ројтерс.

Сега истите тие ридови формираат сиво-кафеав пејзаж покриен со црни трупци.

Во последните две недели, пожарите оштетија десетици илјади хектари шуми во турските медитерански провинции, при што загинаа осум лица, додека илјадници луѓе, вклучително и туристи, беа принудени да избегаат.

Слични разорувања може да се видат и на снимките од дронови во селото Баир и приморското одморалиште Турунчу, исто така во провинцијата Мугла, каде се наоѓаат познатите туристички центри Мармарис и Бодрум.

Општината Мугла објавила дека изгореле 55.000 хектари шуми, што е двојно повеќе од изгорените во Турција во текот на целата минатата година, и дека се евакуирани 36.000 луѓе.

09.08.2021 - 23:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега