ВИДЕО: Вучиќ ја пречека Меркел со букет и топло добредојде на германски јазик

Германската канцеларка Ангела Меркел попладнево слета на аеродромот Никола Тесла во Белград, при што беше пречекана од претседателот на Србија, Александар Вучиќ, а по поздравот, тој ѝ подари букет цвеќе.

Вучиќ на гостинската делегација ѝ посака топло добредојде на германски јазик.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Aleksandar Vučić (@buducnostsrbijeav)

„Со почит, добредојдовте“, ѝ рече Вучиќ на Меркел, подавајќи ѝ го букетот.

Претходно, во пресрет на доаѓањето на Меркел во Белград, српскиот претседател најави дека на германски јазик ќе ја поздрави германската канцеларка и една од најмоќните жени во светот, бидејќи ѝ ветил дека ќе го научи јазикот. Ова е вторпат Александар Вучиќ да ја пречека Меркел во Белград, претходниот пат беше во 2015 година во улога на премиер.

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Aleksandar Vučić (@buducnostsrbijeav)

Вучиќ се сретнал 16 пати со германската канцеларка од 2014 година, пренесуваат српските медиуми.

МАКФАКС

13.09.2021 - 17:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега