ВИДЕО: Во Лондон се запали училишен автобус, полн со деца

Утрово во Лондон се запали училишен автобус со деца. Учениците се пренесени на безбедно и нема информации за повредени. Пожарникарите набрзо пристигнале на местото на настанот. Во инцидентот оштетени се и шест други возила. На видеото од настанот се гледа како автобусот е зафатен од пламен и се огласуваат алармите на автомобилите во близина.

Една жена која живеела во близина изјавила дека автобусот се запалил околу 8:15 часот.

„Овој училишен автобус секој ден поминува покрај нашата куќа. Брзо ги извадија децата веднаш штом се запали дел од моторот и тоа е најважно. Верувам дека пожарот беше изгаснат доста брзо, но имаше голема штета Оштетени се автомобили, искршени прозорци на некои куќи“, изјавила неименувана жена, а пренесува Дејли Мејл.

За пожарот се огласи и од советот на градската област.

"Утринава се запали училишен автобус во Хакни. Причината за пожарот допрва треба да се утврди. Сите деца се евакуирани и нема повредени. За нив е договорен алтернативен превоз до училиште", напишале од Советот на Твитер.

20.01.2023 - 23:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега