ВИДЕО: „Веднаш изгасете ја музиката“ - полицијата го земала микрофонот на популарниот српски пејач и прекинала забава

Комуналната полиција прекина забава во кафеана во Србија организирана по повод Ден на заљубените на Старото Сајмиште.

Помошник началникот на Комуналната полкиција Ранко Шекуларац потврдил дека во нешто после 18 часот затекнати биле околу 500 луѓе.

Шекуларац рекол дека во Градската кафеана билка затекната музика во живо, а според неповрдените информации на белградските медиуми настап имал популарниот пејач Слоба Радановиќ.

„Гаси ја музиката! Срам да ви е! Сите напуштете го локалот веднаш, а вработените нека преминат кон шанкот. Ова што го правите е сериозно кршење на епидемиолошките мерки и ќе одговарате поради тоа“, рекол полицаецот.

Радановиќ и неговиот бенд биле наводно задржани и прекршочно ќе бидат гонети како организатори на забавата.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by MOJ BEOGRAD (@moj_beo_grad)

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.02.2021 - 08:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега