(ВИДЕО) „Ве молам спасете ме, сама сум, сите се мртви“: Потресна аудио снимка на девојче од Газа

 

„Тенкот е до мене… доаѓа кон мене… многу е блиску. Дојдете… те молам спаси ме! Сите се мртви“.

Ова се потресните зборови кои 6 годишното исчезнато девојче, Хинд Раџаб ги кажува на аудио снимката. Таа исчезна на 29 Јануари, во Газа по нападот на нејзиниот семеен автомобил.

Во застрашувачка аудио снимка, девојчето очајно повикува на помош откако останало заробено во автомобил со безживотните тела на шест членови на нејзиното семејство.

Се верува дека Хинд е единствената преживеана од седумте патници во автомобилот, кој бил дел од конвојот на кој бил отворен оган. Нејзината судбина сè уште не е позната, како и судбината на двајцата палестински работници на Црвената полумесечина кои тргнале да ја спасат, а со кои е изгубен секаков контакт.

06.02.2024 - 13:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега