ВИДЕО: Вака се сака капитенот - народот славеше пред куќата на Горан Пандев во Струмица

Македонската фудбалска репрезентација за прв пат во својата историја обезбеди учество на едно големо натпреварување.

Предводени од капитенот Горан Пандев, „црвено-жолтите“ вчера во Тбилиси, во баражот за Европското првенство 2020, ја совладаа Грузија со 1:0.

По победата се славеше низ целата земја, а додека се чекаа фудбалерите да се вратат дома рано утрово, вчера пред куќата на Горан Пандев се случуваше вистинска навивачка атмосфера.

На социјалните мрежи се шират и видеа од атмосферата пред домот на капитенот каде се скандираше неговото име и презиме.

Видеото е објавено на Инстаграм профилот Дарко Влогс, уживајте:

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.11.2020 - 08:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега