ВИДЕО: Украинците тврдат дека создале невидлива наметка за војската

Врз основа на платформата за координација Brave 1 (Brave1), Украина тврди дека развила супер заштита од руските термални камери и дронови, кои поседуваат такви камери.

„Јаху њуз“ објави дека овој штит го претставил Михаило Федоров, вицепремиер на Украина задолжен за иновации и министер за дигитална трансформација.

„Наметката го блокира топлинското зрачење и ги прави борците невидливи за непријателот“, рече Федоров.

Тој објасни дека апликацијата е можна во случај на снајперисти и припадници на единиците за специјални операции, кои извршуваат борбени мисии.

Се наведува дека овој изум е компактен и лесен бидејќи неговата тежина е до 2,5 килограма, а наметката обезбедува одлична заштита од дожд и снег.

Освен тоа, наметката е незапалива и го штити војникот од високи температури.

Се вели дека неговите примероци веќе се успешно тестирани на терен.

„Невидливата наметка е само една од работите што се развиваат со цел да се спасат животите на нашите војници на фронтот. Ни треба уште повеќе“, рече Федоров.

Британски „Сан“ објави демонстрација на оваа нова технологија на својот канал на „Јутјуб“, но наведе дека сè уште не може да ја потврди автентичноста на снимката.

05.10.2023 - 22:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега