Русија изврши еден од најголемите воздушни напади од почетокот на инвазијата, лансирајќи речиси илјада беспилотни летала во рок од 24 часа. Како што пренесува „Киев Индепендент“, нападот вклучувал ретка дневна фаза во која над 550 „камиказе“ дронови биле насочени кон централните и западните делови на земјата.
Најтешко е погоден Лавов, каде се повредени најмалку 32 лица. Градот бил нападнат среде бел ден, при што се оштетени станбени згради во историскиот центар и областа Сихив. На удар се најде и Бернардинскиот манастир, објект од национално значење под заштита на УНЕСКО.
Жителот Јарема Семанив го опиша моментот на нападот како нешто досега невидено. „Луѓето бегаа од споменикот на Даниил Халицки како да е терористички напад. Ова е прв пат да видам нешто вакво во самиот центар на градот. Ова дефинитивно е нешто ново“, вели тој.
Трагични вести доаѓаат и од Ивано-Франкивск, каде две лица загинаа, а четири се повредени, меѓу кои и шестгодишно дете. Оштетени се десетина згради и породилишта. Жртви и повредени има и во Виница, Житомир и Хмелницки, каде е повредено 12-годишно девојче.
Руската војска ја менува тактиката со цел да ја пробие воздушната одбрана. „Сегашната стратегија е да се шират нападите со текот на времето“, објаснува Сергиј Флеш, советник во Министерството за одбрана, додавајќи дека непријателот постојано бара слабости во системот.
In the centre of Lvov Ukraine, Zelenskys "Air defence experts" shot down a Russian Drone heading to its target.
— Chay Bowes (@BowesChay) March 24, 2026
The result is clear.
These are the same "Experts" currently in the middle east? pic.twitter.com/f4S424JbxP

