(ВИДЕО) „Тука сум, само биди добро“ му довикна женско лице на еден од обвинетите за нападот врз косовската полиција

Еден од обвинетите за тероризам го напушти Основниот суд во Приштина, каде што се одржа рочиштето за нападот на косовската полиција во Бањска.

На снимката направена пред судот се слуша женски глас, кој вели: Тука сум, тука сум, само биди добро.

Двајца Срби денеска беа изведени пред Специјалното одделение за учество во оружен судир со полицијата.

Специјалното обвинителство на Косово соопшти дека поднело барање за определување мерки притвор против три лица – В. Т., Б. С. и Д. М. за разни кривични дела, пишува „Н1“.

Тие се товарат за: тешки дела против уставниот поредок и безбедноста на Косово, вршење терористички дејства, како и тешки дела против уставниот поредок и безбедноста на Косово од член 126 и сторување терористички акти.

Во понеделникот вечерта во болницата во Приштина се одржа сослушувањето на В. Т., третиот од уапсените, кој беше ранет за време на конфликтот со косовската полиција.

Поради здравствени околности, на В. Т. одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.

26.09.2023 - 15:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега