(ВИДЕО) Трипуновски: Државата да одвои дополнителни 4 денари по килограм за предадена зелка

Во изминативе триесетина дена на барање на земјоделците втор пат сум во валандовскиот регион каде што се произведува зимската и пролетната зелка. И претходниот пат, а и сега повторно упатувам критика за несериозноста на власта и министерството за земјоделство кои ги оставија на цедило земјоделците и не им обезбедија сигурен пласман и загарантирана рентабилна цена, изјави денеска Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој упати, како што рече, предлог решение за да им се излезе во пресрет на земјоделците.

-На сите земјоделци коишто имаат предадено зелка во откупен пункт или преработувачки капацитет државата да одвои дополнителни 4 денари по килограм за предадена зелка, а за сите оние коишто не успеаја да ја предадат зелката, а ги имаат пријавено површините на зелка во министерството да истите добијат субвенција на површина којашто ќе значи компензација за трошокот што го имаат направено во производството. Државата треба да се отвори кон земјоделците и да ги намали сите луксузи на државна сметка и тие финансии да ги насочи кон македонските земјоделци, истакна Трипуновски.

30.03.2023 - 16:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега