Видео: Тренингот на мекедонските фудбалери е хит број еден на ЕП- го објави и УЕФА

Tренерот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, е фудбалски генијалец или пак ексцентрик.

Како што знаеме, Македонската фудбалска репрезентација во неделата дебитираше на Европското првенство против Австрија со резултат 3:1.

Горан Пандев и неговите соиграчи ги собраа симпатиите на неутралните гледачи поради тоа што храбро се поставија против противникот, а методот со кој го реализираат тренингот стана вистински хит на социјалните мрежи.

Утрово на социјалната мрежа Твитер почна да се шири снимка од едноставна вежба на македонските репрезентативци на која играчите тренираат со „корнетите за сладолед“.

Попрецизно, тренираат со конусите во кои носат топки, па поради тоа тие наликуваат на големи сладоледи.

Погледнете го видеото: 

17.06.2021 - 15:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега