Претседателот на САД, Доналд Трамп, повторно ја вознемири американската јавност со своето однесување, откако во директен пренос навреди новинарка и ѝ се обрати со зборовите да „замолчи“, нарекувајќи ја притоа „свиња“.

Инцидентот се случил кога новинарката го прашала Трамп за неговата евентуална поврзаност со електронската преписка на покојниот финансиски измамник и осуден сексуален преступник Џефри Епстајн. Настанот дошол само неколку дена пред Трамп да го промени својот став околу обелоденувањето на таканаречените Епстајнови досиеја, пренесе Би-би-си.

По растечките реакции во јавноста, Трамп подоцна повика конгресмени да гласаат за целосно јавно објавување на документите.

Во јавноста веќе кружат информации дека во документите за Епстајн — кои содржат листи, контакти и преписки со влијателни личности — се споменува и името на Трамп во дел од електронските комуникации.

Exit mobile version