Кениската авиокомпанија „Момбаса Ер Сафари“ соопшти дека 11 лица, меѓу кои осум Унгарци, двајца германски патници и еден кениски член на екипажот, загинале во авионска несреќа што се случила порано денес.

„Момбаса Ер Сафари“ е специјализирана за туристички и чартер летови во Источна Африка, објави „Ројтерс“.

Локалните власти и спасувачките екипи моментално работат на пронаоѓање тела и причината за несреќата, а Управата за цивилно воздухопловство на Кенија објави започнување истрага за инцидентот.

Сè уште не е објавено каде точно се урнал авионот или под какви околности се случила трагедијата.

Управата за цивилно воздухопловство на Кенија (KCAA) потврди претходно денес дека авионот, со регистрациски број 5Y-CCA, на пат од Дијани до Кичва Темба, се урнал во 5:30 часот наутро по локално време.

Exit mobile version